Loading Video...
Кошарка
1. February 2021 - 15:22

Шест позитивни случаи на Ковид-19 во редовите на КК Вардар

Позитивни случаи и тоа шест (петмина играчи и еден член на стручниот штаб) има и во редовите на КК Вардар, потврдија од клубот. 
 
Инаку вардарци во саботата одиграа првенствен натпревар со екипата на Пелистер. 
 
Затоа од битолскиот клуб најавија и брза реакција па најдоцна до утре целиот тим ќе биде тестиран, а по добивањето на резултатите ќе се знае дали и тие ќе мораат во изолација или не. 
 
Потсетување дека поради Ковид позитивни во своите редови, во изолација е екипата на Работнички, која покрај одложениот првенствен дуел со Гостивар што требаше да се игра изминатиот викенд, тимот од Градски парк не отпатува ниту на вториот турнир во регионалната АБА-2 лига