Шекил О'Нил: Леброн ќе се обиде да дојде до 50.000 поени

Поранешната НБА-ѕвезда, Шекил О’Нил ја изложи целта на Леброн Џејмс за крајот на неговата кариера.
Шекил верува дека импресивниот рекорд на Леброн Џејмс го мотивира да ја продолжи кариерата на 41 година.
– Леброн ужива во тоа што е најефикасниот кошаркар во историјата на лигата. И еве што ќе ви кажам. Неговата цел е да го направи рекордот апсолутно недостижен, да го обезбеди засекогаш. Кога играв, гледајќи ја статистиката на Карим, си помислив: Проклетство, 36.000, 38.000, тоа никогаш нема да се случи. А другиот ден видов дека Леброн има 45.000 поени. И тој сè уште постигнува просек од 20 по натпревар, па ќе продолжи да игра додека не стигне до 50.000.
Ако можеш да играш уште две години и да ги направиш сите тие рекорди недостижни, зошто да не го направиш тоа? И да се обидеш да освоиш уште една титула, тоа е дел од тоа, изјави О’Нил.
Џејмс има постигнато 43.440 поени во регуларната сезона на НБА. Ова лето, напаѓачот им се придружи на Филаделфија 76ерс.
МИА
Ново на Сител
-

Активен пожар во село Грешница во Македонски Брод
-

Трамп изјави дека според него војната со Иран ќе заврши „многу наскоро“
-

Најмалку двајца загинати и 13 повредени во експлозија крај Дамаск
-

Американски суд ѝ наложи на „Мета“ да плати 567 милиони долари за штети нанесени на младите
-

Сончево и многу топло, попладне услови за локален пороен дожд и ретки грмежи
-

Зголемен интензитетот на сообраќај, нема подолги задржувања на премините за влез и излез од државата
-

Западнонилска треска во Србија: Две постари лица во Белград хоспитализирани со невроинвазивна форма
-

Уапсен маж од Боговиње кој пукал на семејна веселба, а куршум оштетил покрив на куќа
