Шасивари: Продолжуваме со силното партнерство со САД за владеење на правото и борба против корупцијата

Министерот за правда Јетон Шасивари денеска оствари средба со Никол Варнс, вршителка на должноста шеф на Мисијата во Амбасадата на САД, на која беше потврдена силната и континуирана соработка меѓу Министерството за правда и САД како стратешки партнер во спроведувањето на реформите во правосудството.
На средбата, како што соопшти МП, се разговарало за клучните приоритети на Министерството за правда, со акцент на реформите во правосудството, владеењето на правото, дигитализацијата на правосудниот систем, законодавната агенда и борбата против корупцијата. Министерот за правда Шасивари побарал во натамошниот период да се овозможи размена на искуства и експертска помош од САД во областа на кривичното законодавство.
Тој изразил благодарност за континуираната поддршка што САД ја обезбедуваат за Министерството за правда и за реформските процеси во државата, нагласувајќи дека таа има значајна улога во зајакнувањето на институционалните капацитети, особено во борбата против транснационалниот организиран криминал, како и во унапредувањето на соработката меѓу домашните институции и меѓународните партнери.
Во фокусот на разговорите биле и реформата на кривичното законодавство, која останува еден од стратешките приоритети на Министерството за правда. Во таа насока, било истакнато дека започнала реализацијата на проектот „Поддршка за спроведување на Националната стратегија за дроги во Република Северна Македонија“, финансиран од Bureau of International Narcotics and Law Enforcement Affairs (INL) при Стејт департментот на САД.
На средбата била потврдена заедничката заложба за понатамошно продлабочување на партнерството преку нови заеднички проекти, експертска поддршка и размена на искуства во областите од заеднички интерес.
-Министерството за правда останува цврсто посветено на спроведувањето на реформите, зајакнувањето на владеењето на правото и исполнувањето на европските стандарди, во интерес на граѓаните и на европската интеграција на државата - се додава во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Дончо Герасимовски, поранешен директор на Државен завод за статистика
-

Викендов се затвора конкурсот за шеф на ОЈО ГОКК - Пријавени се четворица кандидати
-

Мицкоски задоволен од растот на економијата - СДСМ обвинува за историско задолжување
-

Македонија под висок ризик за пожари: И ноќеска скопјани спиеја со затворени прозорци поради пожарот во Ѓорче Петров
-

Ристески: Со училишната кошничка едно семејство со два ученика заштедува и до 3.000 денари
-

Струја нема вода нема, револт во Чешиново
-

Да се инвестира во надоградување на домашните работници, а не да се увезува работна рака
-

Охрид ќе добие Младински Културен Центар
