Шаповалов: Погрешив кога на судијата му реков дека е корумпиран, но на Рафа премногу му се дозволува
Канаѓанецот Денис Шаповалов по поразот од Рафаел Надал во четвртфиналето на Австралија опен 2:3 го коментираше конфликтот со судијата.
– Погрешно се изразив кога реков дека е корумпиран. Бев емотивен. Но сепак мислам дека сум во право. Не е фер што на Рафа му се дозволени толку многу работи. Бев подготвен да играм, времето течеше, три секунди, две, една, нула. Го гледам судијата и, се разбира, ќе кажам нешто – веќе чекам минута и половина. И тој вели дека нема да му даде предупредување, бидејќи не сум подготвен да играм. Ова е глупост. Истото по четвртиот сет. Рафа веќе направи две медицински паузи. По сетот беше прегледан – како што ми кажа судијата. И по овој увид направи и пауза за тоалет – иако лани мене не ми беше дозволено ова. Каде се границите? Ги почитувам достигнувањата на Рафа и тој е неверојатен играч. Но, мора да има граници и правила. Како резултат на таа пауза, по четвртиот сет имаше голем брејк, темпото се намали, стана многу потешко да се игра. Уште еднаш, не кажувам ништо против Рафа, тој е неверојатен играч. Но, многу е тешко и многу непријатно да се соочиш со сето ова. Се разбира, постои посебен однос со него. На сите мои други натпревари темпото беше многу побрзо бидејќи судиите цело време гледаа на стоперката. Му даваат толку многу време, изјави Шаповалов.
Надал вчера по четири часа и десет минути избори пласман во полуфиналето на Австралија опен. Тој поведе против Шаповалов со 2:0, а кога противникот изедначи, Шпанецот правеше неколку паузи и успеа да го наруши темпото на канадскиот тенисер кој беше во налет.
Ново на Сител
-

ФФМ ќе чека судска одлука за „случајот Башкими“
-

АПИС: Предложениот Закон за игри на среќа е недозволиво да се носи набрзина
-

Николоски: Железничкото поврзување со Бугарија ќе биде завршено до 2031 година
-

Трамп упати остри закани до Техеран: Иран премногу одолговлекуваше во преговорите, сега ќе мора да плати
-

МФ: 230 милиони евра пласирани во домашните компании од унгарскиот заем, релизирани 92 отсто од вкупните средства
-

Муцунски: Ни треба систем на меѓусебна доверба и да знаеме дека ќе нема дополнителни барања од Софија поврзани со историјата, идентитетот и јазикот
-

Приведени припадници на белградската Интервентна полиција, осомничени се дека спречиле процесуирање по пукање во ресторан
-

Радев потврди: Бугарија запира со испорака на оружје за Украина
