Loading Video...
Фудбал
30. January 2021 - 18:06

Севилја се зацврсти на третото место на табелата во Ла Лига

Екипата на Севилја забележа значајна победа над Еибар во трката за висок пласман во шпанската Примера. 
 
Андалузискиот тим славеше победа со 2-0  во дуел од 20.коло. Головите за Севилја ги постигнаа Ликас Кампос од пенал во 8-та и Јоан Жордан во 55-тата минута. 
 
Севиља се изби на третото место на табелата со  39 бодови, два повеќе од Барселона која е четврта, а која утре го пречекува Атлетик Билбао.