Селото Чаниште е безбедно, не постои опасност за трите манастири

Селото Чаниште е безбедно, не постои опасност за него и за трите манастири, информира денеска во видео изјава, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
- Огнот се движи во насока на мариовското село Крушевица. Линијата е многу долга, но јас сум оптимист дека барем оваа линија денеска ќе ја изгаснеме благодарение на четирите „пинцгауери" на Дирекцијата, како и огнените тимови на Дирекцијата коишто се поддршка на пожарникарите од Прилеп. Овој крак верувам дека ќе го изгаснеме - додаде Ангелов.
Посочи дека во реоното има три манастири, кои се обезбедени, и делумно се контролира огнот со правење на пресеки.
- Не постои опасност за овие три манастири што се наоѓаат овде. Рано утрово дојде полициски хеликоптер, повторно наместивме базен за вода — монтажен базен од којшто хеликоптерот ќе полни вода, но тешко е на ова место употребата на хеликоптер бидејќи на некои места со перките го распалува. Иако фрла вода, ефектот е обратен, затоа и веќе нема да го користиме овде хеликоптерот - вели Ангелов.
„Ер тракторите“ ќе почнат со дејство набргу откако хеликоптерот ќе се тргне.
- Во секој случај, важно е дека немаме опасност по ниту едно село. Сите пожарникари, сите лица коишто учествуваат во гаснењето се живи и здрави. Во текот на вчерашниот ден, работник со багер ја има повредено ногата, дополнително чекаме информации каква повреда има - соопшти Ангелов.
Тој информираше дека во овој момент активен е и пожарот кај Студеничани, високо во планината.
- Повеќе чади отколку што гори, исто така погoлема површина, и останува уште еден активен пожар — тоа е пожарот на територијата на Македонски Брод, којшто е прилично... прилично совладан. Значи, ветерот којшто еве сега дува, нè принудува да се повлекуваме. За неколку секунди сѐ се смени. Од една релативно мирна атмосфера, во овој наплив на оган - рече Ангелов.
Притоа упати еден голем апел до граѓаните, една голема молба.
- Ве молам внимавајте, доволна е искра за ваква катастрофа. Ова е најголем пожар ова лето на отворен простор. Гори претежно трева, — ретки грмушки и ретка, неквалитетна шума, но сепак е тоа вегетација. Се бориме да ја спасиме - рече Ангелов.
Од ДЗС информираа дека МВР дејствува од горе со хеликоптер, пешадија од долу, Огнени тимови на ДЗС, специјалци со пинцгауери, Пожарникари од Пилеп, доброволци од ДПД од повеќе градови, мештани, дека сите придонесуваат во борбата против пожарот.
МИА
Ново на Сител
-

Трамп привремено го одложи воведувањето царини од 50 отсто за одредена стока од Канада
-

Двајца турски државјани со закани присилувале гостиварци на финансиски дејствија на сопствена штета
-

Се подобрува состојбата со пожарите во Албанија
-

Без победник на првите три натпревари од последната рунда во квалификациите за Лигата на шампионите
-

Блумберг“: САД ја проверуваат лојалноста на сојузниците во НАТО
-

Вкупно 37 пожари на отворено низ државата изминатото деноноќие, три се активни
-

Обединетите Арапски Емирати објавија дека сите трговски, економски и финансиски трансакции со Иран се суспендирани
-

Најмалку девет лица загинаа во пожар во хотел во Калкута
