Села го разреши Таравари откако Таравари го разреши Села
Села го разреши Таравари, откако пред два дена Таравари го разреши Села. Расте расколот во Алијанса која од денеска и официјално има двајца претседатели кои тврдат дека се лигитимни.
По денешниот конгрес Села се враќа на претседателската функција за која вели дека добил поддршка од 591 делегат на партијата, па токму затоа го повика Таравари да ја почитува нивната волја.
Откако вчера и официјано Таравари беше промовиран за пратседателски кандидат на здружената опозиција, Села вели дека тој не е кандидиран во име на Алијанса бијдеќи централното претседателство нема донесено таква одлука.
Конгресот на таборот на Села следи само два дена откако Таравари на конгрес го разреши од претседателската функција на партиското собрание.
По ваквиот раздор кој трае веќе еден месец, сосема извесно е дека битката за тоа чија е партијата, Села и Таравари ќе ја водат преку судски процес.
-

Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар
