Седлоски: Сè се случи неверојатно брзо

Македонската фудбалска репрезентација со поразот од 4:0 од Данска во Копенхаген синоќа го заврши настапот во баражот за Светското првенство 2026. Во своето деби селекторот Гоце Седлоски имаше непријатно искуство, особено што по првиот дел резултатот беше 0:0, а на стартот на вториот дел за десет минути Данска постигна три гола.
-Се распаднавме. Првиот гол на противникот создаде хаос. Имавме големи проблеми со Густав Исаксен и Микел Дамсгард. Знаевме дека данските крилни играчи се опасни и се мачевме да се справиме со нив. Кога Данска нè нападна по паузата, тоа ни предизвика големи проблеми во одбраната. Не знам што да кажам за тие десет минути кога Данците постигнаа три гола. Сè се случи неверојатно брзо, изјави Седлоски.
За македонските фудбалери сега преостанува да одиграат пријателски натпревар со Република Ирска на 31.март во Даблин, откако оваа репрезентација загуби од Чешка по изведувањето на пенали.
МИА
Ново на Сител
-

ДДВ за горивата од 18% на 10%
-

Мерките од Владата не се доволни – ефект ќе дадат мерките предложени од СДСМ
-

Часовникот отчукува: Трамп му постави ултиматум на Техеран – имаат помалку од 48 часа
-

Мицкоски: Нема простор за зголемување на платите на обвинителите, но се вработуваат нови 200 судски соработници
-

“Брзи прсти” за добивање термин кај специјалист
-

Спречен сомнителен увоз на месо од Парагвај и ореви од Казахстан
-

Браната на р.Отиња во завршна фаза - Николовски на увид
-

Годинава конечно се започнува со конзервација на црквата на Трескавец и заштита на Македониумот во Крушево
