Се затвора единствениот „безалкохолен бар“ во Манчестер

Барот во Манчестер, Англија, којшто единствен служeше само безалкохолни пијалаци, се затвора поради слабата посетеност, помалку од една година по отворањето.
Сопственикот на барот „Love from“ (Со љубов од), рече дека целта била да се обиде да ги промени гледиштата за британската култура на пиење, нудејќи им на посетителите ново искуство во ноќниот живот - без алкохол. Карл Консидин (39) изјави за „Тајмс“ дека барот, сместен во центарот на Манчестер, првично работел добро со оглед на тоа што бил отворен во „сувиот јануари“, кога, како што се проценува, околу 8,5 милиони Британци апстинираат од алкохол и се трезнат по декемвриските празнични претерувања.
- Многумина дури и го продолжуваат „сувиот јануари“ бидејќи веќе по еден месец без алкохол се забележуваат предностите, што се одрази и кај нашите гости. Но, со потоплото време, луѓето претпочитаат да пијат пијалаци на отворено. Така, забележавме дека околните локали беа полни, а кај нас - празно. Тоа особено беше видливо за време на фудбалското (европско) првенство, додава Карл.
Во својот бар нудел безалкохолни коктели за 7,50 фунти и безалкохолно пиво за 6 фунти за половина литар. Но, како што одминувала годината, сепак, бројот на гости почна да се намалува. Според Карл, станало јасно дека, всушност, има растечки „безалкохолен тренд во кафулињата којшто не мора да значи и целосно одрекување“ од алкохолот.
Ново на Сител
-

Воениот врв на НАТО, од Скопје најави оптимизација на мисијата на КФОР
-

Преглед на вестите од светот
-

Нов обид за деблокада на изборниот законик во Собранието
-

Имињата на новите министри до крајот на неделата ќе бидат поднесени во Собрание
-

Од 1 окотмври секој сам пред матичен ќе дава согласност за донирање на органи
-

Прилеп доби Центар за дневен престој на стари лица за активно стареење
-

Посета на врховниот командант на сојузничката команда за операции на НАТО за Европа
-

Преглед на вестите од светот
