Македонија
13. May 2023 - 16:29

Се ситни владиното мнозинство, по ДОМ и Достоинство најавува преиспитување на присуството во коалицијата

Стојанче Ангелов, се заканува дека ќе ја напушта Владата на Ковачевски. Тој е незадоволен дека пратениците на СДСМ не го поддржале предлогот на „Достоинство“ за измени на Законот за бранители од 2001 година за отштета на семејствата на загинатите и на воените инвалиди од конфликтот од 2001 година.

Партијата на Ангелов нема пратенички мандати и неговото напуштање нема да влијае на бројчаниот однос во парламентот, но познавачите велат дека ќе влијае на атмосферата во владината коалиција, која и онака е лоша.

Имено, најава дека може да си оди од коалицијата стигна и од Маја Морачанин, која даде рок до јуни СДСМ и ДУИ да го реализираат ветеното за една изборна едница и ветинг во судството. Таа не гласаше ни за законите поврзани со Договорот за Бехтел и Енка, а има резерви и околу уставните измени.

Незадоволство околу законите со Бехтел и Енка и Изборниот законик има и кај Балковски од ВМРО-Народна и Бејџан Иљас од Демократската партија на Турците.

Без ДОМ, ВМРО-Народна и ДПТ Ковачевски во парламентот ќе изгуби тројца пратеници и ќе остане со минимални 61 пратеник што Собранието.

Претходно, власта ја напушти и Павле Трајанов откако Алијанса на Таравари влезе како трет албански партнер во Владата на Ковачевски.

За СДСМ власта не е во криза и не се подготвува за избори иако на терен има кампања.

Опозицијата пак, која исто е меѓу симпатизерите, вели броени се деновите на оваа власт.

Мисајловски додава дека ДУИ е онаа која води државата бидеј'и дури и кога наводно Ковачевски сакал да замине од премиерското столче тоа не му било дозволено од владиниот партнер.