Македонија
23. February 2023 - 16:38

Се преброја мнозинството - Сали разрешен со 65, останатите со 64 гласа

Влезот на Алијанса на Албанците во Владата, наспроти очекувањата, донесе само еден пратеник плус на мнозинството на СДСМ и ДУИ. Од 64 пратеници како досега, сега власта располага со 65. 

Ова го покажа гласањето за разрешувањето на министерот за здравство Сали од Алтернатива, прво по речиси двонеделна расправа во парламентот за реконструкцијата на Владата.

На власта, согласно договорот Ковачевски - Таравари, се придружија 8 пратеници на Алијанса на Албанците, но владиното мнозинство го напуштија седумина и тоа Огнените – Изет Меџити и Мерита Коџаџику од ДУИ, како и Кастриот Реџепи, потоа тројца  пратеници на Алтернатива, како и Павле Трајанов од Демократски сојуз. 

Поддршка на Владата и понатаму ќе дава Скендер Реџепи кој го напушти Гаши бидејќи во реконструкцијата успеа да го задржи својот кадар – заменик министерот за култура, а доби и уверување од Ковачевски дека ќе побара надзор од ЕУ за некои судски случаи. Извори од власта коментираат дека сепак, Реџепи нема да дава толку безрезервна поддршка во парламентот. Тој денеска гласаше и против разрешување на останатите двајца министри од Алтернатива. 

За власта реконструкцијата и изгубеното време во реконструкцијата не било залудно и покрај тоа што не се доби очекуваната бројка.

Опозицијата пак, вели дека се покажало дека реконструкцијата била бидејки власта го изгубила мноизнството поради проблеми во своите редови.

По разрешувањето на кадрите на Гаши, парламентот продолжува со расправа по предлогот за избор на нови министри. Од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека собранискиот спикер Талат Џафери го крши уставот и Деловникот, бидејки наместо поединечна расправа за секој кандидат отвори општа расправа за сите предлози наеднаш, а само гласањето ќе биде поединечно.

Се избираат 4 нови министри и тоа од Алијанса, министер за здравство – неврологот Фатмир Меџити, за информатичко општество професорот Азир Алии и за правда генералниот секретар на партијата кренар Лога, и од СДСМ за животна среда Каја Шукова.

За збор се јавени 38 опозициски пратеници, а компетирањето на Владата на Ковачевски се очекува во сабота.