Се намалува бројот на склучени бракови, а се зголемува на разводите

Во 2025 година се склучени 10.507 брака и во споредба со претходната година нивниот број е намален за 5,1 %. Бројот на разводи, пак, изнесувал 2.185 или за 8,0 % повеќе од 2025 година.
Најмногу бракови, 1.362 или 13,0 %, се склучени во август, а најмалку во март, 473 брака или 4,5 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 92,8 % за жените и 92,1 % за мажите. Во втор брак со учество од 7,1 % и во трет брак со учество од 0,8 % во вкупниот број склучени бракови почесто стапуваат мажите.
Просечната возраст при склучувањето прв брак е 27,5 години за невестата и 30,2 години за младоженецот.
Во 2025 година, според возраста, најмногу бракови биле склучени во старосната група од 25 до 29 години, односно 3.448 или 32,8 % кај жените и 3.750 или 35,7 % кај мажите.
Според возраста, најголем број разводи имало во старосната група од 35 до 39 години, од кои 400 или 18,3 %, кај жените и 381 или 17,4 % кај мажите.
Според траењето на бракот, најмногу разводи, 478 или 21,9 %, се случиле од 5 до 9 години по склучувањето на бракот.
МИА
Ново на Сител
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за обрзование и наука
-

Преглед на вестите од светот
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски поради лошата состојба во земјоделието
-

Железничко поврзување Скопје - Софија во 2031 година
