Сателитска снимка од Охридското и Преспанското езеро

Европскиот сателит Sentinel-2 во рамките на програмата „Коперникус“, додека поминувал над Грција, ги снимил Охридското и двете преспански езера, а снимките со висока резолуција ги објави грчкиот портал „Метео“ на Националната опсерваторија - јави дописничката на МИА од Атина.
Од „Метео“ информираа дека на сателитската снимка се Големото Преспанско Езеро и Малото Преспанско Езеро, „кои се разделени со тесен копнен појас“.
- Големото Преспанско Езеро е најголемото природно езеро што делумно се наоѓа во Грција, а неговите води се распределени меѓу Грција (околу 22 отсто), Албанија (околу 18 проценти) и Северна Македонија (околу 60 отсто). На снимката се забележува и Охридското Езеро, што се наоѓа на границата меѓу Албанија и Северна Македонија. Нијансите на водата се должат главно на различната длабочина и на составот на езерското дно - информираа од „Метео“.
Сателитската снимка била направена минатиот понеделник на 29 јуни 2026 година при прелетот на сателитот над Грција.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Подготвени сме за компромис
-

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ се плаши од дијаспората
-

Форум: Одржливоста како двигател на економскиот раст
-

Мисајловски: Армијата се модернизира
-

Охрид привлечна дестинација за туристите
-

Продолжува подобрувањето на патната инфраструктура во Прилеп со средства од Министерството за транспорт
-

Преглед на вестите од светот
-

Сител сторија: Како изгледа новиот систем на ЦУК за рана детекција на пожари?
