-->
-->
Самсунг телефон со четири камери доаѓа до крајот на годината?
-->

Самсунг можеби подготвува уред со четири камери, а тоа нема да биде ниту Galaxy Note, ниту Galaxy S. Информацијата доаѓа од Твитер корисник Ice Universe, кој често јавува за најновите новости во мобилната технологија.
Во својот твит, Ice Universe јасно дава на знаење дека се работи за уред кој ќе биде пуштен 2018. година, и ќе има четири камери.
Според некои претпоставки се работи за уред од Galaxy A серијата, можно е тоа да биде Galaxy А9 моделот за 2019. година (овие модели најчесто се објавуваат на крајот на годината за наредната сезона).
Со оглед на тоа дека актуелниот модел од А-серијата има две предни камери, не би било изненадување неговиот наследник да има поголем број на камери.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Средношколци од Струмица започнаа со обнова на клупите во градскиот парк
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со проф. Митко Панов, член на Комисијата за историски прашања со Бугарија
-

Запалена машина за железо причина за големиот пожар што ги вознемири скопјани
-

Судење за „Пулс“
-

Пожар во отпад во Шуто Оризари
-

Судење за „Пулс“
-

123 години од смртта на македонскиот револуционер и великан Гоце Делчев
