„Самсунг“ ги претстави новите „Галакси С25“, „С25+“ и „С25 ултра“ паметни телефони

Јужнокорејската технолошка компанија „Самсунг“ ги претстави новите паметни телефони „Галакси С25“, „С25+“ и „С25 ултра“, поставувајќи нов стандард за уредите како вистински придружници со вештачка интелигенција и со, како што се тврди, најприродното и најконтекстуалното мобилно искуство досега.
Со воведувањето мултимодални ВИ-агенти серијата „С-25“ го претставува првиот чекор во визијата да се трансформира начинот на којшто корисниците комуницираат со телефон и со светот. За тоа ќе помогнат најновите чипови „Снепдрагон 8 елит“ што обезбедуваат поголема моќ на процесирање на уредот и контрола на камерата од генерацијата на „Провижуал енџин“.
-Најдобрите иновации се одраз на нивните корисници, поради што развивме „Галакси ВИ“ за да им помогнеме на сите луѓе да ги користат своите уреди на поприроден и поедноставен начин, истовремено осигурувајќи ја нивната приватност безбедна. Серијата „Галакси С-25“ ја отвора вратата за ВИ-интегриран оперативен систем кој суштински го менува начинот на кој ние што ја користиме технологијата, и живееме, рече Т.М. Рох, претседател и раководител на одделот за мобилна технологија во „Самсунг“.
Благодарение на новата верзија на функцијата „Сркл ту срч“ на „Гугл“, пребарувањето на екранот на телефонот е побрзо и поконтекстуално. Оваа функција сега побрзо ги препознава телефонските броеви, е-поштата и УРЛ-адресите на екранот, овозможувајќи повик или пребарување локации со еден допир. Има лични новости и околу галеријата слики, календарот, како и со алатките за цртање и пишување.
Ново на Сител
-

Ќе продолжи ли повластеното ДДВ кај дизелот од понеделник?
-

Еврокодови за посигурни градби: Ќе поскапи ли квадратот?
-

Седум дена нема хоспитализиран пациент со западно-нилска треска
-

Конференција „Безбедност 2030: Ера на паметни технологии, отпорни општества, ризици и предизвици“
-

Тема на денот со Зоран Јолевски, поранешен амбасадор во САД
-

Заседава раководството на СДСМ
-

Царина разоткри шверц на 70 милиони парчиња цигари, оштетен државниот буџет за над шест милиони евра
-

Пецов - Ѓаволот призна вина, доби две години условнa
