Сахарска прашина над Македонија и пеколни температури за продолжениот викенд
Македонија останува под влијание на екстремно топол воздушен бран од Африка, а за време на продолжениот викенд, покрај високите температури, се очекува и присуство на сахарска прашина и песок во атмосферата.
Според прогнозата на Метео аларм, на 28, 29 и 30 август над Македонија ќе има зголемена концентрација на сахарска прашина. Поради тоа атмосферата може да биде заматена, а чувството на топлина дополнително изразено.
Истовремено продолжуваат и пеколните температури. Денеска максималната температура ќе достигне до 39 степени, а топлиот бран ќе донесе и тропски ноќи во повеќе градови низ земјава.
За време на викендот претпладне ќе биде претежно сончево и топло, додека во попладневните часови наместа се очекува нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално се можни и поинтензивни процеси со силен ветер и услови за појава на град.
Ново на Сител
-

За една седмица 75 нови случаи на вирусот западен нил во Грција и шестмина починати
-

Полициските службеници изминатите три дена констатираа 1621 сообраќајни прекршоци, приведени 43 лица
-

Герасимовски: Почнуваме есенска офанзива низ сите маала во Центар
-

Уште еден нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина
-

Секојдневно се мие просторот околу контејнерите, велат од ЈП Комунална хигиена-Скопје
-

Долгоочекуваното судење на наводниот организатор на нападите од 11 септември закажано за 2028 година
-

Сончево и топло со температура до 39 степени
-

Објавување на конечните ранг-листи за примени студенти на факултетите на УКИМ
