Рубио му порача на својот индиски колега: Сите бродови во Ормуската Теснина мора да ги следат наредбите на САД

Американскиот државен секретар, Марко Рубио, му порача на својот индиски колега Субраманјам Џајшанкар дека сите трговски бродови во Ормуската Теснина мора веднаш да ги почитуваат наредбите на американските сили, објави синоќа американскиот Стејт департмент.
По телефонскиот разговор меѓу двајцата функционери, Рубио рече дека „сите комерцијални бродови треба веднаш да ги почитуваат наредбите на американските сили“ во овој стратешки важен морски премин.
Тој, како што се додава во соопштението, нагласи дека „нема да се толерираат кршењето на американската блокада на иранските пристаништа и нелегалниот транспорт на иранска нафта“.
Разговорот меѓу шефовите на дипломатиите следеше по американскиот напад врз танкер за нафта во Ормуската Теснина во кој загинаа тројца индиски морнари, предизвикувајќи остра реакција од Њу Делхи.
Индискиот министер за надворешни работи Џајшанкар рече дека во разговорот со Рубио „го повторил силниот протест на Индија“ поради инцидентот, наведувајќи дека „таквите смртоносни дејствија против цивилниот брод не се оправдани“.
Индија претходно официјално протестираше до Вашингтон и побара објаснување во врска со нападот во кој загинаа тројца нејзини граѓани.
МИА
Ново на Сител
-

Пожарите го кренаа револтот во Штип
-

Велосипедистите бараат поврзување помеѓу Охрид и Струга
-

Преглед на вестите од светот
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
