Рубио: Иран немал противник како Трамп кој е подготвен да преземе конкретни мерки

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека иранскиот режим никогаш не се соочил со претседател како Доналд Трамп, кој е подготвен да преземе конкретни мерки за да го спречи Техеран да развие нуклеарно оружје.
Рубио во интервју за „Фокс њуз“ оцени дека Иран во последните 20 до 30 години се навикнал меѓународната заедница, вклучително и САД, да толерира измами, кршење на постигнатите договори и избегнување на преземените обврски, соопшти Стејт департментот.
Според него, целта на Техеран била да развие нуклеарно оружје и истовремено да изгради силен конвенционален ракетен штит што би го заштитил од евентуален воен одговор. Тој рече дека администрацијата на Трамп го спречила остварувањето на таа цел, наведувајќи дека американските акции ги уништиле иранската морнарица, воздухопловството, противвоздушната одбрана, лансирните системи и погоните за производство на воена опрема, со што значително се ослабени одбранбените способности на Иран.
Рубио истакна дека Иран и понатаму располага со ракети и дронови и може да нанесе штета, но повеќе го нема заштитниот конвенционален штит зад кој би можел да се крие. Токму поради тоа, Техеран сега е поподготвен, па дури и заинтересиран за постигнување договор за денуклеаризација и прашањата поврзани со теснеците, бидејќи САД сега се однесуваат кон Иран од позиција на сила.
Зборувајќи за можноста за промена на власта во Иран, Рубио рече дека промената на режимот никогаш не била цел на американската политика, но иранскиот режим мора да го промени своето однесување.
– Иранскиот режим не сака само да управува со Иран, туку настојува да го шири своето влијание во регионот и да извезува револуција. Тоа мора да се промени, а единствен начин да се постигне тоа е цената на таквата политика за Техеран да стане превисока – изјави Рубио.
Арапските земји од Персискиот Залив, според него, одамна биле свесни за заканата од Иран, која сега се претворила во реалност откако нивните територии и енергетска инфраструктура биле изложени на напади. Тој додаде дека еден од трајните ефекти од актуелната ситуација ќе биде промената на глобалните енергетски текови и намалувањето на зависноста од Ормуската Теснина.
Државниот секретар на САД истакна и дека соработката меѓу Русија и Иран не претставува пречка за остварување на целите на САД на Блискиот Исток, нагласувајќи дека Вашингтон внимателно ги следи сите такви активности.
За војната во Украина, Рубио рече дека администрацијата на претседателот Трамп останува подготвена да учествува во напорите за завршување на судирот доколку се укаже можност. Тој оцени дека ситуацијата на теренот во последните месеци се променила бидејќи украинските сили сега се способни да изведуваат напади со долг дострел длабоко во руската територија, со што војната се приближила до руското население.
Во однос на Кина, Рубио повтори дека САД сакаат стабилни односи, но нема да дозволат Пекинг да стане најмоќната држава во светот на сметка на американските интереси. За Тајван го потврди непроменетиот став на Вашингтон против каква било насилна промена на статусот кво.
На крајот, Рубио ги коментираше ситуацијата во Куба и Венецуела, означувајќи ја Хавана како сериозна закана за националната безбедност на САД поради шпионажа и операции за политичко влијание. За Венецуела посочи дека е потребно време за воспоставување демократија, а крајната цел треба да бидат легитимни избори на сите нивоа, национално помирување и економско закрепнување.
МИА
Ново на Сител
-

МЗ: Состојбата во Гостивар стабилна, нема нови случаи на западнонилска треска
-

Тетово го одбележа Илинден: „2 Август не е само датум, туку завет“
-

Николоски од Крушево: Илинденските идеали ги продолжуваме со работа, инвестиции и развој
-

Мицкоски: Поопасно од секоја криза е моментот кога народ ќе престане да верува во себе
-

Андоновски од Смилево: Илинден е меѓник според кој се мери како се однесуваме како народ кога времињата стануваат тешки
-

Мицкоски: Секоја генерација има свој Илинден, нашата со задача да ја зачува државата
-

Мицкоски: Илинден е најсилниот доказ дека постојат народи кои можат да бидат окупирани, предавани, потценувани, но никогаш не можат да бидат покорени
-

Струмички пожарникари спасиле мајка и дете паднати во провалија кај манастирот „Св. Илија“
