РСБСП со апел: Внимателно и одговорно во сообраќајот за продолжениот празничен викенд

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел до сите учесници во сообраќајот да покажат зголемено внимание и одговорност на патиштата по повод 24 мај денот на Сесловенските просветители Св.Кирил и Методиј и престојниот продолжен викенд, кога се очекува зголемен интензитет на сообраќајот особено на отворените патни правци кон туристичките места.
Со пораката „Вози одговорно - Секој живот е важен“, РСБСП потсетува дека почитувањето на сообраќајните правила и прописи се најдобриот пријател на безбедноста во сообраќајот.
-Безбедноста не е индивидуална, туку заедничка одговорност, секоја правилна одлука значи спасен човечки живот. Апелот до учесниците во сообраќајот е јасен. Почитувајте ги сообраќајните правила и прописи, ограничувањата на брзината и поставената сообраќајна сигнализација. Не управувајте возило под дејство на алкохол – алкохолот и воланот никогаш не одат заедно. Бидете трпеливи покажете сообраќајна култура и етика во сообраќајот. Сите патници во возилото задолжително да користат сигурносен појас. Не користете мобилен телефон и други електронски уреди додека учествувате во сообраќајот. Секој учесник во сообраќајот има право на безбедно движење, но и обврска да придонесе кон истото. Да го прославиме празникот безбедно, со внимание и почит кон сите во сообраќајот со една заедничка мисла – „Вози одговорно - Секој живот е важен“ - се наведува во апелот.
МИА
Ново на Сител
-

СДСМ: Власта крати средства за младите
-

Николоски: Ќе надминеме 4 милиони патници годишно
-

Оризопроизводителите пред колапс, ниски цени, висок револт
-

Преглед на вестите од светот
-

Сиљановска-Давкова доби револвер од Ердоган, подарокот нема да го користи
-

Тема на денот со Валдеси Уркиза, генерален секретар на Интерпол
-

Почна судењето за серискиот убиец од Драгоманце
-

Охриѓанец проголтал дрога сакајќи да ја сокрие од полицијата
