-->
-->
Роналдо навести заминување од Ал Наср: Ова поглавје е завршено
-->

Напаѓачот на Ал-Наср, Кристијано Роналдо навести дека ќе го напушти клубот од Саудиска Арабија.
Ал-Наср синоќа на гости загуби од Ал-Фатех со 3:2 во последното, 34.коло на Премиер лигата на Саудиска Арабија.
- Ова поглавје е завршено. Приказната? Сè уште се пишува. Благодарен сум на сите - напиша фудбалерот на социјалната мрежа Икс.
Ал Наср заврши на третото место на табелата со 70 бодови. Роналдо стана најдобар стрелец на првенството со 25 гола.
Договорот на фудбалерот со саудискиот клуб истекува на 30 јуни 2025 година.
Претходно претседателот на ФИФА, Џани Инфантино изјави дека 40-годишниот Португалец би можел да игра на Светското клупско првенство. Ал-Наср не учествува на турнирот.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Кривични пријави за малолетничките од Ѓорче Петров
-

46 години од смртта на Јосип Броз Тито
-

Нови цени на горивата: Бензините поскапуваат за 2 и пол, дизелот за 2 денари
-

Преглед на вестите од светот
-

123 години од смртта на Гоце Делчев
-

Продолжи судењето за пожарот во „Пулс“
-

Локалната промоција клучна за повеќе туристи
-

Преглед на вестите од светот
