-->
-->
Роналдо ја однесе Португалија во финалето на Лигата на нации
-->

Репрезентацијата на Португалија синоќа ја победи Германија со 2:1 во полуфиналето на Лигата на нации. Натпреварот се одигра на „Алијанц Арена“ во Минхен.
Домаќините го отворија резултатот преку Флоријан Вирц во 48. минута. Франциско Консеисао погоди за гостите во 63. минута, а Кристијано Роналдо пет минути подоцна го постигна голот вреден финале.
Португалија во финалето на Лигата на нации ќе се соочи со победникот од вечерашниот натпревар Шпанија – Франција.
Германија ќе игра со поразениот за третото место.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Трибина: Темел на државноста - визија за иднината
-

Кривични пријави за малолетничките од Ѓорче Петров
-

46 години од смртта на Јосип Броз Тито
-

Нови цени на горивата: Бензините поскапуваат за 2 и пол, дизелот за 2 денари
-

Преглед на вестите од светот
-

123 години од смртта на Гоце Делчев
-

Продолжи судењето за пожарот во „Пулс“
-

Локалната промоција клучна за повеќе туристи
