Рокот за избор на претседател на Косово истекува утре или следуваат избори

Рокот што Уставниот суд во Приштина му го одреди на Собранието за избор на претседател на државата истекува утре, и во моментов нема договор меѓу партиите за тоа прашање.
Според одлуката на Уставниот суд, доколку претседателот на Косово не биде избран до 28 април, собранието автоматски ќе се распушти, а предвремени избори мора да се одржат во рок од 45 дена.
Движењето „Самоопределување“ што има најмногу пратеници во Собранието, но не доволно за самостојно да избере претседател, во саботата им понуди на двете најголеми опозициски партии – Демократската партија на Косово и Демократската лига на Косово – да номинираат три непартиски кандидати за претседател.
Предлогот сепак не ги приближи ставовите на Владата и опозицијата.
Демократската партија на Косово, втората партија по број на пратеници, ја отфрли понудата. Лидерот на партијата, Бедри Хамза, оцени дека тоа е „маневар“ на Самоопределување и повтори дека за ПДК прашањето за избор на претседател е „затворено“.
МИА
Ново на Сител
-

„Си-Ен-Ен“: САД ќе прифатат само договор што исклучува можност Иран да дојде до нуклеарно оружје
-

Манчестер јунајтед го победи Брентфорд и обезбеди пласман во ЛШ следната сезона
-

Светски ден за безбедност и здравје при работа, лани во државава 132 несреќи при работа, 31 со смртен исход
-

Тошковски на промоција на Протокол за лица без државјанство
-

Напаѓачот на вечерата организирана од Белата куќа обвинет за обид за атентат на Трамп
-

Зеленски: Членството во ЕУ и безбедносни гаранции – клучни барања на Украина
-

Јокиќ со трипл-дабл спречи елиминација на Денвер во НБА-плејофот
-

Рубио: Блокадата на Ормуската Теснина еквивалентна на нуклеарно оружје
