Ризик фактори кои му претходат на речиси секој срцев и мозочен удар

Според докторските податоци собрани од повеќе од девет милиони возрасни лица од Јужна Кореја и САД, речиси секој човек кај кого се развива срцево заболување или кој има сериозен кардиоваскуларен проблем претходно почувствувал најмалку еден од четирите ризик знаци – покачен крвен притисок, зголемен холестерол, покачено ниво на шеќер во крвта и пушење.
Кога овие фактори биле анализирани заедно, истражувачите утврдиле дека биле присутни кај 99 отсто од сите кардиоваскуларни удари забележани во долгогодишното истражување објавено во 2025 година. Дури и кај жени помлади од 60 години, кои се сметаат за популација со најнизок ризик од кардиоваскуларни заболувања, повеќе од 95 отсто од случаите на срцев или мозочен удар биле поврзани со еден од овие фактори, објави „Сајенс алерт“(„Science Alert“). Најчест ризик фактор бил покачениот крвен притисок.
Во САД и Јужна Кореја, повеќе од 93 отсто од луѓето кои доживеале срцев удар, мозочен удар или срцева слабост претходно имале дијагностицирана хипертензија. Земајќи ги предвид таквите резултати, контролирањето на крвниот притисок може да биде значајно за спречување на сериозни кардиоваскуларни заболувања во иднина.
– Сметаме дека студијата многу убедливо покажува дека изложеноста на еден или повеќе неоптимални фактори на ризик пред појавата на овие кардиоваскуларни удари е речиси 100 отсто. Мора да биде вложен поголем напор во контролата на овие ризик фактори врз кои можеме да влијаеме, наместо вниманието да го насочуваме кон други знаци кои тешко се лекуваат и кои не се причински поврзани, изјави главниот автор на студијата и кардиолог Филип Гренланд од Универзитетот Нортвестерн, по објавувањето на резултатите.
Тој и неговите колеги наведуваат дека резултатите од истражувањето ги доведуваат во прашање неодамнешните тврдења дека срцевите и мозочните удари сè почесто се случуваат без присуство на традиционалните фактори на ризик. Според нив, можно е претходните истражувања да пропуштиле одредени дијагнози или да не ги забележале нивоата на ризик кои биле под клиничките граници.Новите резултати се надоврзуваат на претходни истражувања кои укажуваат дека можеби се потценува улогата на други причини за срцевите удари, особено кај помладите возрасни лица.
Во истражување објавено во септември 2025 година, научници од Клиниката Мајо анализирале 1.474 случаи на срцев удар кај лица помлади од 65 години, регистрирани во периодот од 2003 до 2018 година во Олмстед, Минесота. Со детален преглед на медицинската документација и резултатите од снимањата, истражувачите ја утврдиле главната причина за секој поединечен случај.
Во поголем дел од случаите срцевите удари се поврзуваат со затнување на артериите поради атеротромбоза, состојба во која крвните згрутчувања го блокираат протокот на крв до срцето. Сепак, значајно е сознанието дека кај повеќето жени, причината за инфаркт не била атеротромбоза.
Кај нив, 34 отсто од сите срцеви удари биле поврзани со таканаречени инфаркти предизвикани од несоодветен однос меѓу потребата и снабдувањето со кислород во срцевиот мускул. Тоа се случува кога различни состојби во организмот, како анемија или инфекција, ја нарушуваат рамнотежата.Додека пак кај мажите, атеротромбозата била причина за 75 отсто од случаите, што се смета за очекуван резултат, додека кај жените била присутна кај 47 отсто од случаите, односно кај помалку од половина.Меѓу другите значајни причини се издвојуваат спонтаната дисекција на коронарните артерии, при која доаѓа до пукање на ѕидот на артеријата и собирање крв, како и емболијата, односно појава на крвни згрутчувања кои пристигнуваат од други делови на телото.
Ова истражување помогна да се увидат причините за срцев удар кои долго време биле недоволно препознаени, особено кај жените. Погрешното разбирање на основната причина за срцевиот удар може да доведе до помалку ефикасно лекување, а во одредени случаи дури и да биде штетно. Разбирањето зошто дошло до срцев удар е подеднакво важно како и неговото лекување. Тоа може да биде разликата меѓу закрепнување и повторно појавување на болеста, наведе кардиологот Клер Рафаел.
МИА
Ново на Сител
-

МФ: Исплатени над 2 милијарди денари субвенции за тутун на 15.144 тутунопроизводители
-

Во Куманово пронајдени три деца во бессознание, затруени од вдишување лепак
-

АХВ спречи увоз на повеќе од 23,6 тони замрзанто пилешко месо од Бразил
-

Трамп: Приказните за американски 300 милијарди долари за Иран се лажни вести
-

„Генералка викенд“: Обединети 70.688 учесници, собрани 684.777 килограми отпад
-

Би-Би-Си: Унгарскиот модел за поттикнување на наталитетот не ги исполни очекувањата
-

Од 50.000 до 5,9 милиони следбеници: Голманот на Кабо Верде, Возиња, светска сензација по мечот со Шпанија
-

Загадениот возух, сушите и топлотните бранови - главна закана на децата во Македонија, алармира извештај на УНИЦЕФ
