Loading Video...
Фудбал
1. October 2021 - 10:12

Ристовски и Адеми славеа со Динамо, Елмас постигна гол но Наполи загуби

Стефан Ристовски и Аријан Адеми се радуваа на победа, додека Ељиф Елмас иако постигна гол, сепак на крајот ја почуствува горчината на поразот. 
 
Загрепски Динамо за кој настапуваат нашите репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми ја забележа првата победа во УЕФА Европската лига. 
 
Динамо на гостувањето во Белгија кај Генк славеше победа со 3-0, а македонските репрезентативци беа стартери на натпреварот.
 
Ељиф Елмас иако по само 11-секунди од почетокот на мечот против Спартак Москва се запиша во листата на стрелците со што стана стрелец на вториот најбрзо постигнат гол во ова натпреварување, сепак неговата екипа Наполи на крајот беше поразена. Руската екипа го искористија исклучувањето на Руи во раната фаза од мечот, па откако Промес во 55-тата го израмни резултатот, Игњатов со два гола 80-та и 90-минута направи комплетен пресврт. Конечните Наполи – Спартак Москва 2-3 ги постави Осимхен во последните мигови од мечот.