Реконструираната Општа болница во Струмица треба да биде пуштена во употреба од почетокот на септември

По 40 години, Општата болница во Струмица е реконструирана и модернизирана. До крајот на август треба да привршат активностите за доопремувањето по што од почетокот на септември објектот ќе биде целосно пуштен во употреба.
Во објектот, кој ќе опслужува над 200.000 граѓани не само од Струмица туку и од околните општини, се инвестирани над 4,5 милиони евра.
Како што истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски по извршениот увид на болницата, реформите во здравството остануваат фокус на Владата, а сите проекти и инвестиции што се досега спроведени во оваа сфера го подобруваат квалитетот на живтотот на граѓаните.
- Задача на Владата е да ги испорача обврските што им ги вети на граѓаните. Сакаме да завршиме сè што е почнато, да поставиме линија, за да знаеме потоа во која насока ќе се движиме. Во здравството имаме многу фокус, сите реформи и инвестиции досега го подобруваат квалитетот на животот на граѓаните. Така и ќе продолжиме - нагласи Мицкоски.
Министерот за здравство Азир Алиу, кој го придружува Мицкоски, рече дека болниците во државата остануваат приоритет кога станува збор за модернизацијата.
- Регионализацијата станува реалност. Во Општата болница во Струмица се инвестирани над 4,5 милиони евра. Објектот ќе опслужи над 200.000 граѓани не само од Струмица туку и од околните општини. Оваа болница ќе биде една од најмодерните регионални болници, со услови како европските - рече Алиу.
Со реконструкцијата на болницата целокупниот хируршки блок ќе се транмсферира во т.н. ново крило, а конзервативниот дел на медицинските услуги ќе остане во стариот дел од објектот.
МИА
Ново на Сител
-

Град Скопје: Кејот на Вардар со нови клупи и урбана опрема за подобро урбано искуство
-

Руте: Американскиот нуклеарен чадор е најголемата гаранција за слободата во Европа
-

Европскиот парламент го усвои извештајот за Македонија
-

Роналдо: Време е да дадеме сè за нашата земја
-

Мицкоски: Европратениците да се држат до европските вредности
-

Пицула: Власта во Србија нема политичка волја да комуницира со ЕП
-

Мицкоски: Ова не е спринт, ова ќе биде маратон, имајќи ги предвид грешките од минатото
-

Едукација под отворено небо и поддршка за згрижувачките куќи: Нова заедничка активност на Flex Credit и СОС Детско село
