Loading Video...
Кошарка
16. December 2020 - 10:28
Реал и Алба по продолженија славеа кај Панатинаикос и Црвена Звезда
На дуелите од 14 коло во кошаркарската Евролига одиграни во Атина и Белград победниците беа решени по продолженија.
Екипите на Реал Мадрид и Алба Берлин забележаа победи на гостувањата кај Панатинаикос и Црвена Звезда.
На мадридски Реал му беа потреби две продолженија за да ја добие пресметката со Панатинаикос со конечни 97-93, додека берлинска Алба по дополнителните пет минути ја победи Црвена Звезда со 90-84.
Гостински триумф оствари и Милано кој во Истанбул го совлада Фенербахче со 79-71.
На останатите два натпревари каде победи забележаа домашните тимово ЦСКА Москва го декласира Анадолу Ефес со 35 поени разлика (100-65), а Жалгирис беше подобар од Басконија со 92-73.
Денеска се играат преостанатите четири натпревари од оваа рунда, а веќе утре и задутре на програмата се дуелите од 15.коло.
-

Игор Трпески
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
