Рама: Косово мора да ги исполни условите на ЕУ или ќе остане изолирано

Албанскиот премиер Еди Рама денеска во Виена изјави дека Косово мора да ги исполни условите на Европската Унија, во спротивно ќе остане во изолација, пренесе АТА.
На конференцијата „Албанија – нов хоризонт“, Рама го оцени дијалогот меѓу Белград и Приштина под посредство на ЕУ како „голем неуспех“ и истакна дека не е постигнат никаков напредок.
– Тажен сум што нема никаков напредок. Убеден сум дека постои златен пат, рече Рама.
Тој нагласи дека Косово треба да го „направи своето домашно“ за ЕУ, без да се води според тоа што бара Србија.
– Косово мора да ги исполни своите обврски и да ја достави целата тетратка со домашното пред ЕУ. Тоа нема врска со барањата на Србија, туку со она што ЕУ го бара, рече Рама.
Ако Косово постапи така, според него, тоа е во негов најдобар интерес и ќе избегне дополнителна изолација.
МИА
Ново на Сител
-

Иницијатива за ограничување на социјалните мрежи кај малолетници во Македонија
-

Тема на денот со Весна Петрушевска
-

Преглед на вестите од светот
-

Мицкоски: Оваа година избори нема да има
-

Нова акција за нелегални филери и средства за слабеење
-

Фотографии, видеа и извештаи од увидите презентирани на рочиштето за ,,Пулс"
-

Мерки на претпазливост бара Обвинителството за малолетничките кои малтретираа 13 годишно девојче во Ѓорче
-

Сејф Сити во секој град до крајот на годината
