Рама: Косово доброволно стана заложник на Србија

Албанскиот премиер Еди Рама во интервју за „Јехона политике” оцени дека Косово доброволно станало заложник на Србија и оти „мора да го освои мирот, да ги исполни своите должности, кои Србија никогаш нема да ги исполни”.
Тој додаде дека Косово нема никаква врска со Србија и оти Косово не треба да ја зема предвид Србија на својот пат, нагласувајќи дека „за мене, Косово ја доби војната, но мора да го добие мирот“.
„Да се добие мир значи да се седне на масата на демократската заедница. Тоа е сè. За да се направи ова, воопшто не смее да се гледа во Белград, воопшто не смее да се размислува за Србија, воопшто не смее да се грижи што велат или тврдат Србите, туку мора да се извршуваат сопствените должности“, посочи Рама.
Тој смета дека Косово „мора да ги извршува своите должности за себе и за својата иднина, а не за Србите”.
-Тие се поврзани со дијалогот, но се поврзани и со Европската Унија и САД, што значи дека ако има „x“ точки што треба да се исполнат на масата за дијалог, Косово треба да ги исполни еднострано и да продолжи напред. Воопшто не е важно што прави Србија, никогаш нека не ги прави, нема проблем, потенцира Рама.
МИА
Ново на Сител
-

Денес сончево и топло време
-

Собраниската Комисија за култура и туризам ќе одбележи 80 години од објавувањето на првата граматика на македонски јазик од Круме Кепески
-

Најмалку 21 загинат по експлозија во фабрика за огномет во Кина
-

Пожар избувна на неколку товарни бродови во иранското пристаниште Дајер
-

Вооружен маж отвори оган во близина на Белата куќа, осомничениот застрелан од Тајната служба
-

Сообраќајот се одвива непречено, на граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања
-

Иран, првпат по примирјето, ги нападна ОАЕ
-

Зголемување на цените на нафтата по нападот во ОАЕ
