Рама евакуиран од кабинетот под силно обезбедување поради ескалација на протестот во Тирана

Синоќешниот 94. по ред антивладин протест во Тирана, против планираната инвестиција во Звернец, беше проследен со тензии и судири меѓу демонстрантите и полицијата, во кој со повреди, од тврди предмети, кои ги фрлаа демонстрантите, се здобија неколку полициски службеници.
-По повеќето предупредувања преку мегафони, полицајците употребија и солзавец за да ги оддалечат демонстрантите кои се обидуваа насилно да влезат во зградата на владата, кога разбраа дека премиерот Еди Рама е во својот кабинет, објавија медиумите во Тирана.
Протестот беше поделен на два фронта. Група демонстранти беа пред кабинетот на премиерот, каде што се одржуваа говори. Во меѓувреме, главното внимание се префрли на другата група демонстранти, кои се наоѓаа во близина на еден од задните влезови на зградата и се обидоа да се упатат кон просториите на кабинетот на премиерот.
Полицијата го опколи подрачјето и го засили присуството на полицијата и со припадници на специјалната единица „Ренеа”.
Од пред владата демонстрантите се упатија кон полициската станица со барање да бидат ослободени 11 приведени поради насилното однесување .
По нивното оддалечување премиерот Рама ја напушти зградата под строги безбедносни мерки, додека зголеменото присуство на силите на државната полиција остана пред владата.
Учесниците на протестите продолжуваат да ги повторуваат барањата за оставка на премиерот Еди Рама, формирање преодна влада, отстранување на „старата каста“ на политиката, укинување на измените во законот за заштитени подрачја, измена на изборниот закон.
Започнат како реакција на влијанието врз животната средина од туристичкиот проект во Звернец, учесниците сега бараат политички и институционални промени и ги изразуваат своите загрижености за корупцијата, можностите за вработување и заминувањето на младите луѓе од земјата.
МИА
Ново на Сител
-

Најмногу дожд наврна во Крива Паланка, попладне се очекува локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
-

Македонија напаѓа четири злата: Велков, Смилевски, Велески и Бабоски денес во финале
-

Со надчовечки напори на пожарникарите изгаснат голем пожар над Дебар
-

Родригез: Договорот за нафта со САД ќе биде во сила 25 години
-

Поплави во Јапонија, 111.000 луѓе повикани да се евакуираат
-

Земјотрес од 4,5 степени почувствуван на југот на Албанија
-

Силно невреме го зафати вчера Кочани, делови од градот останаа без струја
-

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
