Loading Video...
Ракомет
18. March 2021 - 18:54

Ракометарките подготвено го очекуваат стартот на мундијалските квалификациите

 
 
Најдобрата женска македонска ракометна репрезентација го одработи последниот тренинг пред стартот на квалификациите за Светското шампионат што ќе се одржи кон крајот на годинава (декември) ќе се одржи во Шпанија. 
 
Избраничките на селекторот Симе Симевски попладнево го одработија последниот тренинг во СЦ Борис Трајковски, каде од утре до недела ќе ги одиграат натпреварите од втората квалификациската група. 
 
Нашите ракометарки сите натпревари ќе ги играат во терминот од 17 часот, а отвараат утре со дуелот против Исланд. Во сабота следува мечот против Литванија, а квалификациите ги заоктужуваме во недела со натпреварот против нашиот јуќен сосед Грција. 
 
Потсетување дека пласман првопласираните две селекции ќе обезбедат пласман во бараж дуелите што се планирани во втората половина на април месец.