Раѓањата во Грција за 15 години се намалиле за 42 отсто

Од 117.400 во 2009 година, раѓањата во Грција се намалиле на 68.300 во 2024 година, односно за 15 години регистриран е пад од 42 отсто, додека пак во шест региони од континенталниот дел на земјата намалувањето надмина 50 проценти, покажуваат податоците од грчкиот Институт за демографски истражувања и студии, јави дописничката на МИА од Атина.
Намалувањето на раѓањата, според Институтот не е секаде исто, најголем е во области во северозападниот, северниот и централниот дел на земјата, односно во областите Теспротија (во северозападна Грција), во Евританија и Фтиотида (централна Грција) и во Гревена, Кожани и Лерин, каде намалувањето било над 50 отсто, во десет други региони било меѓу 45 и 50 проценти, додека пак на островите падот бил помал од 40 отсто, со исклучок на Кикладските острови и Закинтос со пад под 15 проценти.
Во исто време, бројот на смртни случаи во однос на раѓањата значително се зголемил, во 2009 година имало 92 смртни случаи на 100 раѓања, а во 2024 година, што воедно е последната година за која постојат официјални податоци, имало 184 смртни случаи на 100 раѓања.
Само пет од 74 регионални единици во земјата, односно островите Санторини, Миконос, Кос, Наксос и градот Ретимно на Крит имале помалку смртни случаи отколку раѓања, додека пак во 17, од кои речиси сите се во континентална Грција, се евидентирани од 250 до 376 смртни случаи на 100 раѓања.
МИА
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Teма на денот со Петре Ламески, декан на ФИНКИ
-

Речиси 70.000 денари се потребни за да се „истурка“ септември, пресмета ССМ
-

Специјализант најави штрајк со глад: Обвинува за фаворизирање и неправда на Медицинскиот факултет
-

Измама со помош на вештачка интелегенција – пациент си искреирал конзилијарно мислење за лек
-

Црна Гора ги брише сомнежите за блокадa во интеграциите
-

Филипче: Колку чини посетата во САД?
-

Со 500 евра казнет граѓанин кој фрлал градежен шут и кабаст отпад
