Loading Video...
Кошарка
23. March 2021 - 11:51

Радуловиќ: Отсуството на тројца играчи си го стори своето

Во Златибор каде се одржува последниот турнир од регуларниот дел на сезоната во АБА 2 лигата, веќе настапија кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром. 
 
Во дуел од 11.коло тие беа поразени од екипата на Спарс со 68-78. 
 
Иако речиси целиот натпревар мина во резултатски израмнета игра, сепак отсуството на тројцата стандардни првотимци, Магдевски, Олуџоби и Гравет си го направило своето, па противникот ја искористи шансата и забележа триумф. 
 
„Игравме против една од најквалитетните екипи во лигата, а се боревме до крај иако бевме без тројца стандардни кошаркари. Имавме кратка ротација, во еден момент влеговме и во проблем со лични грешки, имавме мотив, но отсуството на тројцата првотимци, си го направи своето“, изјави по мечот Дарко Радуловиќ тренерот ма МЗТ 
 
Следниот натпревар сино-белите ќе го играат во четврток од 13 часот, а противник ќе им биде хрватска екипа Горица. 
 
А, вечерва во термиот од 21 часот, својот натпревар од 11-тата рунда ќе го играат кошаркарите на Работнички. 
 
Екипата од „Градски парк“ кој е на претпоследното место на табелата, ќе има тешка задача во дуелот против трето рангираниот тим на табелата Борац Бања Лука .