-->
-->
Работнички со максимални шест порази ги заврши настапите во АБА 2
-->

Кошаркарите на Работнички без ниту една победа ги завршија настапите во групата Б од регионалната АБА 2 лига.
„Центарци“ вечерва на домашен терен против Војводина беа блиску до првата победа, но не издржаа и по продолжение загубија со 74:70. По 40 минути резултатот беше нерешен 64:64.
Најефикасни во домашниот тим беа Полутак со 26 поени и Ефремовски со 21.
И покрај поразот, македонскиот тим покажа дека можеше подобро да одигра на претходните натпревари и дека располага со квалитет за повеќе од последното место во групата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Без струја делови од Бутел и Кисела Вода
-

Браќа со пиштоли, скриени во грмушки чекале да убијат возач оти при разминување им се допреле ретровизорите
-

Трамп: Нетанјаху нема друг избор освен да го прифати договорот со Иран
-

Почнува Петровденскиот (Апостолски) пост
-

Израелската армија најави продолжување на операциите на целата територија на Либан
-

Зеленски потврди: Абрамович беше во Киев со намера да пренесе порака до Путин
-

Предупредување од ЕК: Спорниот туристички проект може да го загрози патот на Албанија кон членство
-

Топло утро, нестабилно попладне: дожд, грмежи, засилен ветер и температури до 33 степени
