Путин: Русија ќе одговори на украинскиот напад врз интернатот во Старобелск

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска му наложи на руското Министерство за одбрана да подготви предлози за одговор на нападот на украинските сили врз интернат во Старобелск во самопрогласената Луганска Народна Република (ЛНР).
Тој порача дека Русија не може да се ограничи само на изјави.
Путин оцени дека станува збор за терористички напад и укажа дека е изведен ноќе, додека учениците спиеле. Според него, во нападот загинале шест лица, додека повеќе десетици се ранети.
Тој исто така наведе дека, според извештаите што ги добил од раководството на самопрогласената ЛНР, Министерството за одбрана и ФСБ, 15 лица се водат како исчезнати.
Претседателот на Русија нагласи дека нападот на украинските сили врз училишниот интернат во Старобелск во самопрогласената ЛНР не бил случаен, туку дека бил изведен во три бранови, со 16 беспилотни летала кои го гаѓале истото место. Исто така, тој рече дека во близина на интернатот немало воени објекти, објекти на специјалните служби, ниту сродни структури.
Тој ги отфрли тврдењата дека ударот можел да биде последица на дејствување на руската противвоздушна одбрана или на системите за радиоелектронска борба. Путин порача дека станува збор за директен напад на украински дронови врз цивилен објект.
Путин оцени дека на Киев му се потребни вакви напади за да го одвлече вниманието од ситуацијата на фронтот и подоцна одговорноста за последиците да ја префрли врз Русија. Тој исто така изјави дека овој напад претставува „манифестација на неонацизам и го потврдува терористичкиот карактер на киевскиот режим“.
Тој ги повика украинските војници да не ги извршуваат, како што наведе, злосторничките наредби на киевскиот режим бидејќи, во спротивно, и самите стануваат соучесници во тие злосторства.
Путин, исто така, изјави дека дезертерството во украинската војска добива катастрофални размери и дека станува масовна појава. Тој на состанокот со дипломците на програмата „Време на хероите“ рече дека овој напад уште еднаш покажува „со кого Русија си има работа и против што се бори“
Ново на Сител
-

Милановиќ одби да даде согласност за новиот израелски амбасадор во Хрватска
-

Зеленски: Рускиот ноќен напад врз Днепар траеше повеќе од шест часа
-

Брат ја пронашол почината својата сестра во стан во Аеродром
-

Холандија најбезбедна држава за патување во 2026 година
-

Сали: Правосудниот испит и сите испити поврзани со него во иднина ќе се полагаат и на албански јазик
-

Владата: Институциите активно работат на изнаоѓање решенија што ќе бидат целосно усогласени со Уставот и со Законот за употреба на јазиците
-

Сиљановска-Давкова: ЕУ останува наш приоритет, не бараме привилегии, туку доследна примена на европското право
-

Поскапи горива од полноќ
