Путин: Русија има доволно војници и нема потреба од нова мобилизација

Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека во моментов нема планови за нова мобилизација поради војната во Украина, оценувајќи ги гласините за таков потег како „дезинформација“ во пресрет на парламентарните избори во Русија овој месец.
– Во моментов нема сценарио што бара мобилизација – рече Путин одговарајќи на прашање за време на неговото обраќање на Источниот економски форум во Владивосток.
Во јули украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека добил „категорични информации“ од разузнавачките служби според кои Русија подготвува „нов бран мобилизација наесен“.
– Тоа е информативен напад од непријателот во пресрет на изборите за Думата, во обид да влијае врз нивниот исход – изјави Путин во врска со изборите за долниот дом на рускиот парламент, закажани за 18-20 септември.
Москва спроведе „делумна мобилизација“ на околу 300.000 резервисти во септември 2022 година, за да се бори против успешната украинска контраофанзива, неколку месеци по почетокот на целосната руска офанзива во Украина во февруари истата година. Оваа мерка предизвика бегство на голем број Руси во странство, а оттогаш, според западни медиуми, властите избегнуваат сличен потег и покрај големите загуби на фронтот.
Путин исто така изјави дека руските сили немаат никакви проблеми со регрутирањето војници.
Повеќе од четири години по почетокот на војната во Украина, руската армија регрутира војници нудејќи им атрактивни плати и социјални бенефиции. Во 2025 година биле склучени 422.000 договори за воена служба, соопшти заменик-секретарот на Советот за безбедност Дмитриј Медведев, наведувајќи дека тоа е пад од шест проценти во споредба со 2024 година.
Институтот за проучување на војната (ISW), тинк-тенк со седиште во САД, во јули оцени дека Русија се чини дека „ги поставува темелите за можна мобилизација“.
Напредувањето на руските сили значително забави оваа година, при што е постигнато по цена на големи загуби. Русија во моментов окупира нешто повеќе од 19 проценти од територијата на Украина, од кои седум проценти ги контролирала уште пред почетокот на војната во 2022 година. Во таа територија се вклучени и Кримскиот Полуостров, анектиран во 2014 година, како и делови од Донбас, индустрискиот басен со кој управуваа проруските сепаратисти.
МИА
Ново на Сител
-

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност
-

Трамп предложи Ормуската Теснина да биде преименувана во „Теснина Трамп“
-

ЕУ ѝ се заканува на Русија со нови санкции по нападот со дрон на аеродромот во Лајпциг
-

Путин: Одлуката на Германија во врска со дронот во Лајпциг е уште една голема грешка на Берлин
-

Мицкоски бара Бугарија да го екстрадира бегалецот Симеон Михаилов, татко на Ива Михаилова
-

Вооружена пресметка на тајните служби во Киев: Пукале едни на други, има ранети
-

Македонската химна одекна во Таранто – Белистојановски го донесе првото злато за Македонија
-

Тетово: Му побарале да плати за медицинска услуга во болница, па искршил шалтер и нападнал полицаец
