Путин преку телефон му кажал на Трамп дека Русија нема агресивни планови кон Европа

Претседателите на Русија и на САД Владимир Путин и Доналд Трамп, разговараа денеска по телефон за неодамнешните посети на американските преговарачи Стив Виткоф и Џаред Кушнер на Москва и Киев, изјави помошникот на Путин, Јуриј Ушаков.
-Телефонскиот разговор траеше точно еден час и беше конструктивен и многу отворен – рече Ушаков, јави Спутник.
За време на разговорот, Трамп јасно истакна дека е пожелно конфликтот да заврши што е можно поскоро, со што веднаш би се отвориле „многу значајни и широки перспективи“ за целосно обновување на односите меѓу САД и Русија.
Според него, тоа посебно би се одразило врз трговско-економските односи, кои на двете држави им ветуваат огромна корист. Тој наведе дека Трамп е заинтересиран да дојде до пробив за време на неговиот претседателски мандат.
Ушаков истакна дека Путин за време на разговорот рекол дека Русија нема агресивни планови кон Европа и дека тврдењата за руската закана се користат како покритие за зголемување на воените расходи. Како што наведе, Путин ја изложил и ситуацијата на фронтот.
-Патем, стана збор и за тоа што Американците реално би можеле да направат за воените дејствија да завршат што е можно поскоро. Разговорот помина во позитивен тон. Претседателите се договорија да останат во контакт и, по потреба, оперативно да се слушаат по телефон – рече Ушаков.
МИА
Ново на Сител
-

19-годишна девојка загина кај Свети Николе откако со возилото излета од патот
-

Дизелот повторно над 100 денари од полноќ, поскапуваат и бензините
-

Македонскиот фолклор триумфираше во Бразил: „Студио Фолклор“ прво кај публиката, трето кај жирито
-

Уапсена жена од Скопје, предизвикала пожар во Центар
-

Николоски: Градежништвото ја движи економијата
-

Трамп за денеска планира телефонски разговор со Путин, а потоа и со Зеленски
-

Силјановска Давкова: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме
-

Застанале со мотор и пукале кон петмина, МВР со детали за убиството
