Путин потпиша указ за отпишување долгови на новите регрути за украинскиот фронт

Рускиот претседател, Владимир Путин, потпиша указ со кој им се отпишуваат долговите на новите регрути за војната во Украина и на членовите на нивните семејства, соопшти Кремљ.
Мерката е дел од напорите на Русија за зголемување на бројот на војници во конфликтот што трае повеќе од четири години.
Според указот, лицата кои потпишале договор со руското Министерство за одбрана по 1 мај, како и нивните сопружници, можат да бидат ослободени од долгови до десет милиони рубљи (околу 120 илјади евра), доколку пред тој датум против нив била започната постапка за наплата на долгови. Договорот за учество во т.н. „специјална воена операција“ мора да биде со времетраење од најмалку една година.
Сумата што може да биде отпишана приближно соодветствува на цената на мал стан од 35 метри квадратни метри во Москва. Мерката се надоврзува на веќе постојните бенефиции за руските војници, што вклучуваат високи еднократни исплати и поволности при запишување на универзитети.
Путин потпиша и посебен указ со кој на учесниците во војната им се продолжува правото на закуп на државно земјиште на неопределено време.
Во меѓувреме, состојбата на фронтот останува напната. Двете страни меѓусебно се обвинуваат за ескалација, а украинските власти соопштија дека испраќаат дополнителни сили во северните региони поради стравувања од нова руска офанзива. Мировните преговори што се водат со посредство на САД засега се во застој.
МИА
Ново на Сител
-

Средба Мицкоски - Пленовиќ во Охрид
-

Заемот од 260 милиони евра на пленарна седница
-

ВМРО-ДПМНЕ: Само Филипче му верува на Радев дека уставните измени се последниот услов
-

Лакавица остана без род од овошките заради една ноќ со минусна температура
-

Нови напади САД-Иран среде преговори
-

Тема на денот со Љубомир Ѓурчевски
-

Се помалку надеж за мир
-

Пожар во поранешен „Декортекс“, изгореа машини и магацин
