Путин: Одлуката на Германија во врска со дронот во Лајпциг е уште една голема грешка на Берлин

Рускиот претседател Владимир Путин денеска оцени дека најновите одлуки на германските власти насочени против Русија првенствено се поврзани со внатрешнополитичката ситуација во Германија и тешката положба на германскиот канцелар Фридрих Мерц.
– Што се однесува до постапките на германските власти, мислам дека тие се првенствено последица на внатрешната политичка ситуација. Канцеларот се соочува со политички тешкотии во земјата – изјави Путин на прес-конференција во Бишкек.
Путин одлуките на Германија во врска со инцидентот со дронот на аеродромот во Лајпциг ги нарече „уште една голема грешка“ на германските власти, која, според него, е спротивна на интересите на германскиот народ.
Тој додаде дека германските власти прават „очигледни грешки во економијата“, дека претпријатијата се затвораат и оти животниот стандард опаѓа.
Говорејќи за германскиот канцелар Фридрих Мерц, Путин оцени дека тој не ужива доверба кај својот народ.
– Јасно е и зошто – затоа што не ги штити националните интереси, туку тргува со нив – изјави Путин.
МИА
Ново на Сител
-

Нов претседател на ЛКМ кон крајот на октомври
-

Берлин и Москва во нов судир
-

Пратениците се вратија од одмор
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче на иста линија со Кина
-

СДСМ: Мицкоски ја задолжува државата
-

Насилството зема замав – неопходно е работа со младите
-

Лозарите во неизвесност, вранецот без сигурен пласман
-

Привршува проценката на штети во Струмица
