Фудбал
9. September 2026 - 20:37

Прволигашите без проблеми во куп натпреварите

На денешните седум натпревари од првото коло од Купот на Македонија прволигашите без проблеми ја минаа пречката. Брегалница, Скопје, Шкендија Арачиново и Башкими се прволигашите кои постигнаа победа и обезбедија пласман во следната рунда.

Резултати на денешните натпревари:

Коњаре – Башкими 0:5

Каменица Саса – Шкупи 1:0

Тетекс – Брегалница Штип 1:4

Детонит Плачковица – Шкендија Арачиново 1:3

Кожув – Скопје 0:1

Новаци – Охрид 1:0

Осогово – Беласица 1:3.

На претходно одиграните дуели: Победа Валандово – Струга Трим Лум 1:10, Студеничан – Пелистер 1:6, Венец – Брера 0:8, Влазними Јуниор – Македонија ЃП 0:14 и Овче Поле – Вардар 0:5.

Остануваат да се одиграат уште три дуели од првото елиминациско коло: Могила – Арсими (24.септември), Крошу Спорт – Тиквеш (6.октомври) и Вардар Неготино – Работнички (14.октомври).

Силекс како победник на натпреварувањето обезбеди директен пласман во осминафиналето.

 

МИА