Првиот список на Анчелоти на чело на Бразил

Карло Анчелоти пристигна во Бразил. Тој беше брзо претставен истиот ден како нов селектор на петкратниот светски шампион и го објави својот прв список на првата прес-конференција.
Првиот список на Анчелоти вклучува 23 имиња за претстојните два квалификациски натпревари за Светското првенство во 2026 година. Бразил ќе игра против Парагвај и Еквадор.
Анчелоти веднаш објасни зошто Нејмар отсуствува, како и Родриго, Жоелинтон, Габриел Магаљаес, Едер Милитао и Едерсон.
- Се обидов да одберам играчи кои се во добра форма. Нејмар неодамна се повреди, тој штотуку почна да игра. Тој ќе биде многу важен член на овој тим, сметам на него. Целта на сите е тој да биде подготвен за Светското првенство. Разговарав со него утрово, му објаснив и се согласивме за сè. Тој се согласува дека е подобро за него да се одмори и да се подготви што е можно подобро. Меѓу повредените се Родриго, Жоелинтон, Габриел Магалхаес, Едер Милитао, Едерсон, изјави Анчелоти.
Легендарниот тренер ги врати Касемиро и Антонио во репрезентацијата, а ќе смета и на Алекс Сандро, Данило...
Во споредба со претходниот ростер на Бразил, сега ги нема Ендрик, Савињо, Жоао Педро, Жоао Гомеш, Андре, Арана, Мурило, Вевертон...
Анчелоти изјави дека ќе работи на „семејна атмосфера“ во националниот тим, нагласувајќи дека тоа е многу важно.
- Ни треба меѓусебно почитување, само тогаш ќе можеме да го извлечеме максимумот од себе. Тоа е огромен предизвик. Бидејќи семејниот аспект е многу важен, дури и поважен од организацијата и системот на играта. Целата земја мора да биде на иста страна. Само тогаш можеме да се соочиме со предизвикот што нè чека - а тоа е освојувањето на Светското првенство. Верувам дека Бразил може повторно да биде шампион, ги охрабри Карло навивачите.
Еве гои првиот список на Италијанецот на чело на „селесао“:
Голмани: Алисон, Бенто, Уго Соуза
Одбрана: Алекс Сандро, Алесандро Рибеиро, Бералдо, Карлос Аугусто, Данило, Лео Ортиз, Маркињос, Вандерсон, Весли
Среден ред: Андреас Переира, Андреј Сантос, Бруно Гимараеш, Касемиро, Едерсон, Жерсон
Напад: Антони, Естевао, Габриел Мартинели, Матеус Куња, Рафиња, Ричарлисон, Винисиус Жуниор.
Ново на Сител
-

Љутков: Македонскиот јазик е жив израз на нашето постоење и историја, кој се пренесува и ја отсликува силата и истрајноста на народот
-

Британскиот амбасадор Лосон преку видео порака на македонски го честиташе Денот на македонскиот јазик
-

Авионска дезинсекција на скопската територија во четврток
-

УЈП: Над 860 илјади граѓани добија однапред пополнети годишни даночни пријави за 2025 година
-

Постигната спогодба меѓу Џастин Балдони и Блејк Лајвли во врска со тужбата за наводно сексуално вознемирување
-

Средба на Сиљановска-Давкова со романскиот претседател Дан: Добрите политички односи да бидат проследени со поширока економска соработка
-

Бујар Османи од Брисел: Европскиот пат е блокиран, Охридскиот договор се урива
-

АХВ од Тетово почнува со работилници за управување со популацијата на кучиња
