-->
-->
Првата СМС порака е продадена за 107.000 евра
-->
Првата СМС порака денеска е продадена на аукција во Париз за 107.000 евра.
СМС пораката испратена на 3 декември 1992 година беше понудена на аукција од британската телекомуникациска компанија Водафон како таканаречен NFT (незаменлив токен).Во пораката се честита Божиќ. Пораката ја испратил инженерот на Водафон Нил Пепворт од компјутер до менаџер во Велика Британија кој ја примил на неговиот телефон Орбител тежок два килограми. Купувачот купил реплика на оригиналниот протокол за комуникација. Приходите од продажбата ќе бидат наменети за агенцијата на ОН за бегалци УНХЦР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Розалија Секулоска, психолог
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
