Прва берба, прво меѓународно оценување и две злата за винаријата „Монтеко“ на престижниот „Мундус вини“ во Германија

Вината „Волкано“ и „Монте Роса“ на винаријата „Монтеко“ ја започнаа својата меѓународна приказна со значајни признанија на нивното прво интернационално оценување. Двете вина освоија златни одличја на престижниот натпревар „Мундус вини“ - 39th Grand International Wine Award 2026 во Германија, едно од најзначајните натпреварувања во светот за оценување на квалитетот на вината.
Врвниот квалитет и уникатниот вкус на „Волкано“ и „Монте Роса“ го освоија стручното жири на натпреварот. Значењето на златните признанија за овие две вина е уште поголемо со оглед на фактот дека станува збор за нивната прва берба, што претставува важна потврда за квалитетот и потенцијалот на новата винска приказна на „Монтеко“.

И двете вина се 100 отсто произведени од сортата „Каберне Совињон“, која е препознатлива за винаријата „Монтеко“. Грозјето потекнува од сопствените лозови насади на винаријата во кратовскиот регион, чиј специфичен тероар го сочинуваат и вулканските почви и надморската височина од околу 700 метри, што претставува еден од клучните елементи во препознатливиот карактер на вината.
- За нашата винарија, златните признанија за „Волкано“ и „Монте Роса“ претставуваат повеќе од награда за две вина. Тие потврдуваат дека нашите вина уште во својата прва берба и при првото меѓународно оценување, имаат потенцијал да бидат препознаени и подалеку од домашниот пазар – велат од „Монтеко“.
Ова признание ја истакнува посветеноста на „Монтеко“ кон создавање вина кои ја поврзуваат традицијата на кратовскиот регион, карактерот на сопствените лозови насади и современиот пристап кон производство, со амбиција македонското вино да добива сè позначајно место на конкурентната меѓународна винска сцена.
Ново на Сител
-

Пехчево: Го затекнала сопругот со 68-годишна жена и ја нападнала, а подоцна тој физички ја нападнал неа
-

Браќа меѓусебно се пријавиле во полиција по физичка пресметка во демиркаписко
-

Жена со тротинет удрила велосипедистка во Скопје и избегала
-

Мост „Генерал Михајло Апостолски“ - се ослободува трасата за конечно ставање во функција, напиша Ѓорѓиевски
-

Романски државјанин возел со брзина од 163 км/ч на место каде дозволено 80км/ч
-

Во шатор во Галичник пронајдена разновидна дрога - пет лица приведени
-

Во Црна Гора откриен нелегален магацин со 13,5 тони тутун
-

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економски раст потврдува дека сме на вистинскиот пат
