Македонија
10. December 2021 - 16:32
Протест со барање за реконструкција на патниот правец Струга - Ќафасан
Жителите од околните струшки села преку протест и блокирање на магистралниот пат Струга –Ќафасан бараат реконструкција на овој патен правец кој е поврзан со Албанија.Целта на овој револт како што велат е лошата состојба на патот иако властите им ветиле дека ќе го санираат овој дел од делницата досега не превзеле ништо.
Тие велат дека патот е многу небезбеден а често се случувале и сообраќајни незгоди додавајќи дека со протестите не застануваат тука се додека не се реши овој проблем.
Инаку и во 2018 година жителите на околните села протестираа со блокада на патот, но нивниот протест и барања не наидоа на разбирање кај надлежните.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
