Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени

Протест на пристаништето во Солун за претпладнево закажаа земјоделците од северна Грција, каде што ќе пристигнат со трактори, автобуси и земјоделски возила од блокадите поставени во околината на градот, а поради собирот граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја, барем додека трае протестот, се очекува да останат отворени, јави дописничката на МИА од Атина.
Во Солун, намерата на земјоделците е симболично неколку часа да го блокираат пристаништето.
Најавите се по завршувањето на протестот, на состанок да се одлучи дали во текот на денешниот ден повторно ќе бидат блокирани граничните премини.
Паралелно со активностите во северниот дел на земјата, во другите делови на Грција продолжуваат блокадите на автопатите.
Главниот блок е во централна Грција, кај Никеа, во близина на Лариса на автопатот Солун – Атина, што е затворен и сообраќајот се одвива по споредни патишта, а Комитетот надлежен за земјоделските блокадите во целата земја, за сабота закажа нов состанок на кој ќе се донесе одлука за следните чекори.
Протестите на земјоделците започнаа на 30 ноември, поради зголемените трошоци за производство и ниските цени за продажба на нивните производи, поради скандалот со европските земјоделски субвенции, а главното барање е исплатата на заостанатите субвенции.
Блокади се поставени на низа автопати и локални патишта низ цела Грција, со што отежнат е сообраќајот и се одвива по споредни улици.
Ставот на грчката Влада е дека се отворени за дијалог со земјоделците и упатија апел до нив, да одредат своја делегација со нивни претставници, по што и ќе бидат примени на средба на високо ниво.
Ново на Сител
-

17-годишник од Карбинци тешко се повредил при пад од коњ
-

Серена и Венус Вилијамс ќе играат двојки на Вимблдон
-

Трамп: Русија треба да се согласи на договор со Украина
-

Кремљ: Путин не доби официјална покана да присуствува на преговори на Самитот на Г7
-

Бебе оставено на клупа во парк во Шуто Оризари
-

Работник на гостиварски Комуналец починал откако заглавил во канал за вода
-

Тошковски: Превенцијата на насилството кај младите бара брза реакција, силна координација и активно учество на младите
-

Иран и САД во петок почнуваат нова рунда преговори во Швајцарија за финализирање на договорот
