Протекоа личните податоци на повеќе од 267 милиони корисници на Фејсбук

Личните податоци на над 267 милиони корисници на социјалната мрежа Фејсбук се слободно достапни на Интернет, предупреди британската компанија „Компаритек.
Според неа, пристап до базата на лични податоци – имиња, телефонски броеви и други информации може да добие секој корисник на Интернет без лозинка и регистрација.
Поголем дел од податоците се на корисниците на Фејсбук во САД.
Базата на податоци е креирана од хакери во Виетнам, утврди компанијата што работеше на случајот заедно со независниот експерт Боб Дајаченко. Таа била поставена на Интернет на 4 декември, а откриена на 14 декември од страна на Дајаченко, кој ги предупреди провајдерите за да ја блокираат.
На 19 декември, контролата покажа дека базата веќе не е достапна. Сепак, сè уште не е познато колку од личните податоци се нашле во рацете на хакерите.
Ново на Сител
-

Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа
-

Фон дер Лајен: ЕУ ќе продолжи да ја поддржува Украина
-

Пентагон размислува да повлече речиси една третина од американските сили од Европа и да ги распореди во Кина и Иран
-

Од 1 октомври, голема промена во Хрватска – Се воведува сидрена цена
-

Сончево со локална облачност
-

Мицкоски: Членството во ЕУ треба да е по заслуга, но во нашиот случај тоа не е така
-

Мицкоски: Менталитетот и карактерот на оваа Влада е да ги води битките и да победи
-

Во Тирана судири помеѓу демонстрантите и полицијата
