Просечната работна недела во ЕУ е 35,9 часа, во Македонија 39,5

Во 2025 година, вистинското работно време на работниците со полно и скратено работно време во ЕУ на возраст од 20 до 64 години во просек изнесувало 35,9 часа, што е намалување од еден час во однос на 2015 година, објави Евростат. Во Македонија, пак, вистинското неделно работно време било 39,5 часа.
Од земјите во нашето соседство, според достапните податоци на Евростат, подолга работна недела има во Србија 41,3 часа и во Босна и Хдрцеговина 41,1, а пократка во Хрватска 37.8.

Во ЕУ најдолги работни недели има во Грција 39,6 часа, во Бугарија и Полска по 38,7 и во Литванија 38,4. Спротивно на тоа, Холандија има најкратка работна недела 31,9 часа, по што следуваат Данска и Германија со по 33,9 и Австрија со 34,0.
Занимањата со најдолга работна недела во ЕУ биле квалификувани земјоделски, шумарски и рибарски работници (42,0 работни часови), менаџери (40,6) и занимања во вооружените сили (39,4). Спротивно на тоа, најкратките работни недели се забележани во елементарните занимања (31,8), помошни работници (34,0) и услужни и продажни работници (34,5).
МИА
Ново на Сител
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

Седница на ИК на ВМРО ДПМНЕ
-

Тема на денот со Весна Јаневска, министерка за обрзование и наука
-

Преглед на вестите од светот
-

Силјановска и Јотова на средба во Бугарија
-

СДСМ поднесе интерпелација за министерот Трипуновски поради лошата состојба во земјоделието
-

Железничко поврзување Скопје - Софија во 2031 година
