Пропуст на Фејсбук овозможил откривање на телефонските броеви на корисниците

Фејсбук веќе со години наназад од своите корисници при регистрација го бара бројот од мобилниот телефон, првенствено со цел да се интервенира при евентуално заборавање на лозинката, при што централата испраќа СМС порака со нова комбинација.
Тоа донекаде и функционира без проблеми. Но, неодамна е откриена грешка во една од алатките за огласување, која може да го открие телефонскиот број на лица кои посетиле одредени интернет страници.
Стручни лица од САД, Франција и Германија проблемот го откриле уште во мај 2017 година. а Фејсбук ја призна грешката по неколку месеци.
Фактот што огласувачите можеле да дојдат до телефонските броеви на корисниците, претставува првостепено сигурносно прашање, но и директно кршење на политиката на Фејсбук околу заштитата на личните податоци.
Компанијата сепак тврди дека никој не успеал да го искористи тој нивен пропуст.
Ново на Сител
-

Пукање во воздух со пиштоли на прослава во Гостивар
-

Скопјани на удар од западно-нилска треска – нови сомнителни на Инфективна
-

Гостивар во очекување на вода за пиење
-

Кризна состојба поради опасност од пожари
-

Индустриското производство расте, долгот се намалува
-

Нов ИК на УМС на ВМРО-ДПМНЕ
-

Критики од ДУИ за ребалансот
-

Охрид полн со туристи, се бара место повеќе
