Пронајден мртов исчезнатиот германски турист во близина на грчкиот остров Сими

Пронајден е мртов исчезнатиот германскиот турист, по кој крајбрежната служба на Грција спроведе спасувачка акција пто започна во неделата попладне, откако заедно со уште седум лица, кои беа спасени, биле на едрилица, што откако ја напуштиле пловела без контрола во морскиот дел во близина на грчкиот остров Сими, јави дописничката на МИА од Атина.
Од крајбрежната служба на Грција соопштија дека вчера, во утринските часови во морскиот дел западно од Сими било пронајдено безживотно тело кое било идентификувано како осмиот исчезнат патник од едрилицата.
Во неделата попладне, како што веќе објави МИА, едрилицата на осумтемина германски туристи била забележана како неконтролирано плови, по што започна спасувачка акција со патролни бродови, брод пловидба за отворено море и хеликоптер Супер Пума.
Беа пронајдени седум од осумте лица, односно двајца успеале сами да допливаат до брегот, еден бил пронајден на брегот од рибарски чамец, а уште четворица биле лоцирани на блискиот брег од патролен чамец на крајбрежната служба.
Потрагата продолжи во море и на копно за пронаоѓање на последниот исчезнат турист, чие тело беше пронајдено вчера.
МИА
Ново на Сител
-

Уапсен маж од Боговиње кој пукал на семејна веселба, а куршум оштетил покрив на куќа
-

Обвинителството поднесе жалба за Талир 2
-

Вкупно 18 пожари на отворено денеска до 18 часот, два се активни
-

Ѓорческа го предаде мечот од второто коло на турнирот во Лајпциг
-

Иран и Оман ја усогласија рамката за отворање на Ормуската Теснина
-

Уапсени 15 лица поради безобѕирно управување моторно возило, пет од нив се малолетници
-

222 сообраќајни прекршоци од возачи на мотоцикли, 14 уапсени поради безобѕирно возење
-

Од паднатите дрвја од невремето ќе се создаде нов моторички парк за деца и млади на Водно
