Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска треба да продолжи судењето за „Државна лотарија“ откако на истражните органи во земјава минатата недела им се предаде првообвинетиот Перпарим Бајрами, поранешен директор на Државна лотарија.
Откако побегна од земјава, за Бајрами беше распишана меѓународна потерница. На 9 септември сам се предаде на граничниот премин „Блаце“, по што беше спроведен во затворот во Скопје на издржување на претходно определената мерка притвор.
Покрај Бајрами, во случајот се обвинети и поранешниот вицепремиер, Артан Груби, Методија Димевски, Скендер Мехмети, Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски, Александар Димитриоски и Башким Авдиу.
На судењето што почна изминатата недела сите обвинети се изјаснија дека не се чувствуваат виновни, освен Бајрами, кој на првото рочиште сѐ уште беше недостапен на органите за прогон, и обвинетиот Башким Авдиу, кој изјави дека не го разбира обвинението што му се става на товар и побара да му биде доставено писмено на неговиот мајчин, албански јазик.
Обвинението, кое го застапуваат јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски, се однесува на дејства преземени во текот на 2023 и 2024 година, со кои обвинетите ги пречекориле службените овластувања и предизвикале штета на „Државната лотарија“ во износ од 596.125.511 денари.
МИА
Ново на Сител
-

Јотова: Да заврши сагата со ОМО Илинден
-

Македонија ќе продолжи да работи и бара решение за влез во ЕУ
-

Teма на денот со Васко Наумовски, поранешен амбасадор во САД
-

Марта Кос со порака до Бугарија: Откако Македонија ќе го смени Уставот, сметаме на ваша поддршка
-

Гаши останува на своето - не го повлекува ставот за ОВК и покрај реакциите
-

МВР ја казни жената што излезе од својот автомобил да фрли ѓубре во Лепенец
-

При полициска контрола во „Пулс“, лиценцата не им била дадена на увид
-

Тендер за БРТ по години чекање и блокади, граѓаните скептични
