Приведени 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола, од кои еден малолетник, еден со активна забрана и еден без дозвола и под дејство на алкохол.
Полицијата соопшти дека во Скопје три лица управувале возило без возачка дозвола, четири во Тетово, пет во Битола и по еден во Македонски Брод и Велес (малолетник). Едно лице во Велес управувало возило без возачка дозвола и под дејство на алкохол, додека друго управувало возило со активна забрана. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.
МИА
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче би поддржал уставни измени со внесување на Бугарите
-

Утре нестабилно со дожд, грмежи и ветер
-

СДСМ: Уште 4 дена до неисполнување на ветувањето на Христијан Мицкоски
-

Апел за помош: Исчезната е Лидија од Скопје, последен пат видена во Црниче
-

ЕЦБ: Војната во Иран е тежок тест за финансиските пазари
-

Се менува демографската слика на ЕУ: Помалку млади, повеќе стари до 2100
-

Модриќ може да се пензионира по Светското првенство
-

Артета прогласен за тренер на годината во Премиер лигата за сезоната 2025/26
